Игуаин дебитираше за Челси, „сините“ се пласираа во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Челси без проблеми се пласира во следната рунда од ФА Купот, во меч во кој Игуаин ги одигра своите први минути за англискиот тим.

Аргентинецот беше стартер и играше до 82. минута, не успеа да постигне гол на својот деби натпревар.

Серијата погодоци ја отвори и затвори Вилијан, а вториот погодок на мечот беше дело на Худсон Одои.

Во вториот денешен меч од ФА Купот, Тотнем беше елиминиран откако со 2-0 загуби од Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×