Играше за Реал и ПСЖ, а сега преку Малезија се врати „дома“ во Шпанија

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хесе Родригез, потпиша едногодишен договор со Лас Палмас и по третпат во кариерата ќе го носи дресот на клубот од родниот град.

Трансферот беше официјално потврден, а шпанскиот второлигаш му посака добредојде на 32-годишниот офанзивец, надевајќи се дека ќе донесе искуство и квалитет во битката за враќање во елитата. Хесе ќе остане во Лас Палмас најмалку до крајот на сезоната 2025/26.

Кариерата ја започна во Реал Мадрид, каде беше сметан за голем талент, но сериозна повреда го забави неговиот развој. Сепак, зад себе има респектабилно фудбалско резиме и освен во Реал настапуваше за ПСЖ, Стоук Сити, Бетис, Анкарагучу, Сампдорија, Коритиба и малезиски Јохор Дарул Тазим.

Последен пат за Лас Палмас играше во сезоната 2021/22, а сега ќе има шанса повторно да се докаже пред домашната публика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×