Играше за Челси, Евертон, Вест Хем, а сега потпиша со клуб од Романија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот дефанзивец Курт Зума ја продолжува кариерата во Романија. Искусниот стопер потпиша двегодишен договор со Клуж, со можност за продолжување на уште една сезона, потврди клубот.

Зума пристигна како слободен агент по разделбата со Вест Хем во летниот преоден рок. Потегот на Клуж веќе се оценува како еден од најголемите трансфери во романскиот фудбал во последните години, а клубот со тоа јасно покажува дека сака да се врати на врвот во домашното првенство и да има посериозна улога во Европа.

Во текот на кариерата, Зума ги носеше дресовите на Сент Етјен, Челси, Стоук, Евертон, Вест Хем и Ал Оробах, а со лондонските „сини“ освои и титула во Премиер лигата. Сега ќе има задача своето огромно искуство да го пренесе во Клуж и да биде столб на одбраната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×