Често пати се случувало познатите фудбалери неколку години по завршувањето на кариерата да се соочат со финансиски проблеми, а таков е случајот и на Сами Амеоби.
Поранешниот фудбалер на Њукасл денеска е далеку од зелените терени и работи како чирак на 32 години и тоа за плата од 420 евра неделно. Некогаш во кариерата како фудбалер Амеоби заработуваше и 26 пати повеќе.
Сами кариерата ја започна во родниот Њукасл и во овој клуб помина седум години во кои заработи милиони кои очигледно брзо ги потрошил.
Инаку, тој се најде во центарот на вниманието откако се појави во судот во Честер каде што се изјасни за виновен за инцидент кој се случи на 12 ноември минатата година. Во тој инцидент Амеоби удри девојка и не запрел на местото.
„Очигледно беше погрешно тоа што го направив. Беше целосно некоректно, но се испаничив во тој момент и не знаев штп да направам“, изјави Амоеби пред судот.
Во кариерата собра 53 настапи во Премиер лигата и уште 191 во Чемпионшип. Беше и младински репрезентативец на Англија и Нигерија од каде што неговите родители се преселија во Њукасл.
🇳🇬 Former Newcastle winger Sammy Ameobi has today pleaded guilty at Chester Magistrates’ Court too failing to stop after an accident and having no insurance, from an incident that happened on the 12th November 2024.
— Magpie 24/7 (@Magpie24_7) January 22, 2025
The winger, who went on to play for Bolton, Nottingham Forest… pic.twitter.com/RQNfVN5Ilh