Играше на Светско првенство, а сега е бездомник – девојка секој ден му давала харана: Кога дознав, бев во шок (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Една девојка преку Инстаграм објави трогателна и тажна животна приказна за човекот кој секојдневно го среќавала, а кога дознала за кого станува збор, била целосно шокирана и одлучила приказната да ја објави јавно.

„Секој ден по работа му давам храна на човекот кој секогаш седи на автобуската станица. Обично само му ја давам храната, се поздравувам и си одам дома, но денес беше поинаку. Разговаравме, ме погледна и ми рече: ‘Ти ми даваш храна секој ден, а кога би знаела кој сум, би се изненадила’. Се скаменив откако пребарав на интернет за него – бев во шок. Тој е познат фудбалер“, напиша девојката во описот.

Станува збор за Пол Џејмс, 62-годишен поранешен репрезентативец на Канада, кој за националниот тим забележа 46 настапи. Меѓу другото, настапуваше и на Олимписките игри во 1984 година, како и на Светското првенство во 1986 година.

По завршувањето на играчката кариера, Џејмс беше и селектор на канадската репрезентација до 20 години, водеше и неколку клубови, но неговиот живот, за жал, тргнал во сосема погрешна и тажна насока.

„Ме погоди сознанието колку малите гестови на љубезност можат навистина да значат многу. Животот може да се промени во еден миг, а малку грижа може да направи огромна разлика“, додаде девојката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×