Во светот на фудбалот се почесто се играат ревијални натпревари. Веќе постојат и разни рекреативни лиги на славни, а една од нив е и „Болер лигата“ која е во организација на светски познатиот јутубер КСИ.
Оваа лига веќе имаше неколку организирани настани во Германија и Обединетото Кралство. Се игра шест на шест со вклучен голман и со посебни правила за мечевите да бидат дополнително интересни. Во ова натпреварување како тренери свои натпревари водеа легендата Џон Тери и најубавата фудбалерка Алиша Леман.
Во лигата почна да настапува и еден поранешен фудбалер. Станува збор за Јордон Ибе, кој беше дел од тимот на Ливерпул на дебито на Јирген Клоп. Во кариерата Ибе тргна преку Викомб, па направи трансфер во Ливерпул. Таму се задржа четири години и одигра 41 натпревар, а мина две сезони на позајмици во Бирмингем и Дерби.
Потоа следеа авантури во Борнмут, Дерби, Адана, Ебсфлит Јунајтед, Хајс и Јидинг Јунајтед, како и аматерскиот Хунгерфорд Таун чиј член е и денес.
Јордон Ибе настапувајќи во „Болер лигата“ игра за 400 фунти по натпревар, а планот е да одигра 11 кола за тимот на Џон Тери под името 26ерс.