Фудбалерот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грејлиш доби удар од навивач кој влезе во терен во десетата минута, а потоа во второто полувреме постигна гол и му донесе победа на својот тим против Бирмингем.
На прашањето да ги опише случувањата од денешниот ден, Грејлиш за Скај Спортс одговори: „Ова беше најдобриот ден во мојот живот“.
„Да дојдам тука по прв пат како капитен на Астон Вила и да постигнам победнички гол, е остварување на сон, посебно кога сте фан на Астон Вила“.
„Едноставно не бев свесен кога се случи ударот. Мислам дека имавме корнер тогаш или аут, одев на позицијата и почувствував удар во моето лице“.
„Јасно е дека има ривалства во фудбалот, но мислам дека не треба да има простор за ова што се случи. До крајот на мечот само гледав да си ја вршам мојата работа и мислам дека тоа го направив. Постигнав победнички гол и ги освоивме трите бодови“.
„Беше неверојатно пред нашите фанови. По она што се случи во првиот дел, мислам дека се испадна добро. Да се биде капитен на клубот тука е нешто за кое сонував уште од дете“.
Инцидентот и голот на Грејлиш можете да го видите на овој ЛИНК.