Играчите на Реал ја прекинаа прес конференцијата на Зидан и го „избањаа“ Французинот со шампањ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“
стигнаа до титулата број 33 во Шпанија откако вечерва со 0-2 славеа на
гостувањето кај Малага.

Ова е прв трофеј во Ла Лига за Реал Мадрид од 2012, па славјето на Ла Росаледа
беше огромно и не беше поштеден ниту тренерот Зинедин Зидан.

Мората, Марсело,
Касемиро и Лукас Вазкез ја прекинаа пресконференцијата на Французинот и го
„избањаа“ Зинедин Зидан со шампањско.

Стратегот потоа
им се придружи во славјето, а откако играчите ја напуштија салата, тренерот на
Реал продолжи да одговора на прашањата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани