„Играчите на Jунајтед намерно сакаат да изгубат за Мурињо да биде избркан!“ – поранешниот „ѓавол“ со сериозни обвинувања

by
2 минути читање

„Ѓаволите“ се во
голема криза, резултате не се на потребното ниво, голем дел од ѕвездите играат очајно
а Жозе Мурињо е во војна со најскапиот фудбалер во историјата, Пол Погба и уште
неколку други имиња.

Голем број на
стручни коментатори и поранешни играчи дадоа свое видување за она што се
случува во Манчесер јунајтед и поголемиот дел од забелешките се кон играчите
иако има такви кои на „тапет“ го ставија однесувањето на Португалецот.

Последен кој
силно удри по фудбалерите е Пол Инс, кој вели дека дел од играчите намерно
играат под своите можности за да загубат и Жозе Мурињо да добие отказ.

„Ме зачудува тоа
што играчите на Манчестер јунајтед одбираат кога да го дадат максимумот и да
вложат труд во својот настап за клубот“
– вели Пол Инс.

„Секој игра кој ќе облече дрес мора да вложи труд и да покаже желба, па дури и
кога резултатите не се како што треба. Нема оправдување за тоа да не го дадете
максимумот. Сите се професионалци, имаат астрономски плати и играат за еден од
најголемите клубови. Не ми се допаѓа тоа што изгледа како да им е сеедно. Да,
има неколку играчи кои се трудат, но мора целиот тим да дава допринос“.

„Ми се чини дека
тие повеќе не се заинтересирани да играат под водство на Жозе Мурињо“.

„Кога јас играв
за Манчестер јунајтед, на тоа гледав како на голема чест. Иако не секогаш
покажував добри перформанси, никој не може да ме обвини дека не сум го давал
максимумот“.

„Разочаран сум
кога гледам како на играчите им причинува задоволство тоа што Мурињо ја сноси
целата вина. Тие се одговори за сопствените перформанси и начинот на кој
играат, па не треба да се кријат. Го фрлија Жозе на волците и покрај тоа што на
секој натпревар играат лошо. И се извлекуваат со тоа. Некои играчи на Манчестер
јунајтед сакаат да загубат само за притисокот да порасне и Мурињо да биде
избркан“.

„Во неколку
наврати имаме видено како пристигнува нов тренер и одеднаш целиот тим го
заигрува далеку потобро. Веднаш под знак прашалник треба да се стави
однесувањето на играчите“.

Манчестер
јунајтед овој викенд игра против Њукасл и се шпекулира дека Жозе Мурињо веднаш
ќе добие отказ доколку го загуби и овој меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×