234
Траоре го постигна голот за Волвс во поразот од Тотнем од 2-1. Но покрај погодокот тој одигра одличен меч и постојано им создаваше проблеми на играчите на Мурињо.
Ерик Даер и Хари Кејн заработија жолти картони во обидите да ги сопрат налетите на Траоре. Неговата голема брзина беше импресивна.

Според „Фудбал инсајдер“, играчите на Тотнем биле толку импресионирани од Траоре што му рекле на Мурињо да го купи.
Еден од играчите рекол дека е шокиран од тоа колку голем напредок има Траоре во последната година.
Тој во Волс пристигна летото 2018 година од Мидлсброу за 18 милиони фунти. А вистинскиот блесок го има оваа сезона.