Играчот на Барнли суспендиран поради плукање на меч пред два месеци!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската асоцијација на Англија објави дека играчот за врска на Барнли, Ханибал Мејбри, е суспендиран на четири натпревари по инцидентот на дуелот со Лидс во октомври. Репрезентативецот на Тунис плукна во насока на навивачите на Лидс во 67 минута од мечот што Барнли го доби со 2-0, по што против него беше покрената дисциплинска постапка.

ФА потврди дека фудбалерот го признал прекршокот: „Ханибал Мејбри ја призна обвинението, а регулаторната комисија му изрече суспензија од четири натпревари“, се наведува во соопштението.

Покрај казната за неиграње, на Мејбри му е изречена и парична глоба во висина од 15000 фунти.

Барнли моментално се наоѓа на деветнаесеттото место во Премиер лигата со десет бодови, што е четири помалку од Лидс кој е прв безбеден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×