563
ФИФА го суспендираше катарскиот репрезентативец Асим Мадибо на пет натпревари по тешкиот старт врз Исмаел Коне на мечот против Канада на Светското првенство.
Мадибо беше исклучен со директен црвен картон, а Коне се здоби со скршеница на тибијата и фибулата на левата нога, поради што мораше да биде опериран.
И покрај сериозната повреда, катарскиот фудбалер веднаш покажа каење. Според селекторот на Канада, Џеси Марш, тој по натпреварот лично му се извинил на Коне, а неколку дена подоцна го посетил и во болница заедно со министерот за спорт на Катар.
Од ФИФА соопштија дека суспензијата е изречена поради сериозен неспортски прекршок, а Мадибо има право на жалба.