Играчот кој донесе победа за Тотнем претходно требаше да биде исклучен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во Ливерпул се бесни на судењето на вчерашниот меч против Тотнем, сметаат дека Бергвел претходно требаше да добие втор жолт картон.

Бергвел веќе имаше жолт картон кога на некоја минута пред да го даде голот стартуваше опасно врз Цимикас, но за тој старт не доби ништо.

Брзо потоа овој фудбалер даде гол и донесе победа на Тотнем од 1-0.

„Мислам дека е многу очигледно дека тоа беше втор жолт картон. Чисто е. Луѓето го видоа тоа, минута подоцна тој даде гол. Според мене судијата направи грешка, му го кажав тоа“, вели Вирџил ван Дајк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани