Играчите на Олександриа не се ракуваа со Партизан, а навивачите викаа „Убиј ги Србите“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Екипата на Партизан славеше со 0-2 на натпреварот како номинален гостин против Олександриа во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Сепак, овој натпревар го одбележаа неспортските елементи кои Украинците ги искористија. Првично уште пред стартот играчите на Олександриа не сакаа да се ракуваат со противниците, па само им подадоа „боксче“.

Потоа во текот на мечот украинските навивачи извикуваа „Убиј ги Србите“, само поради фактот дека оваа земја беше блиска со Русија, а во тек е војна на Украинците против Русите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×