Фудбалерите на Нигерија се заканија со бојкот на репрезентативните обврски доколку не им бидат исплатени договорените бонуси.
„Супер орлите“ веќе неколку дена преговараат со челниците на Фудбалскиот сојуз, а како дополнителен притисок најавија дека нема да тренираат. Како крајна мерка, фудбалерите се заканија дека нема да истрчаат во Маракеш за четвртфиналниот натпревар од Африканскиот куп на нации против Алжир, кој се игра во сабота.
Виктор Осимен и соиграчите уште пред стартот на турнирот побарале исплата на бонусите, а со одличните резултати на теренот дополнително ја зацврстија својата позиција.
Ова не е првпат Нигеријците да влегуваат во ваков конфликт со Сојузот, откако слична ситуација се случи и во ноември пред квалификацискиот меч со Габон, кога беше бојкотиран тренингот, а играчите на крајот го добија тоа што го бараа.