Играчите на БиХ ја прекинаа прес-конференцијата, пред новинарите ечеше: „I am from Bosnia, take me to America“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина подобро изведуваше пенали и ја остави Италија без пласман на трето Светско првенство во низа. Лудилото во Зеница кулминираше во последните секунди од пенал-серијата во која домашните ги реализираа сите четири удари, а ривалот промаши два од трите шута.

По крајот на натпреварот славјето беше огромно, се претопи и на улиците и плоштадите во земјата, но и на стадинот во соблекувалната.

Играчите во еден момент ја прекинаа и прес-конференцијата на селекторот Сергеј Барбарез. Тие со огромен звучник и стихот од песната на Дубиоза Колектив „УСА“: „I am from Bosnia, take me to America“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×