478
Поранешниот фудбалер Лусиен Оби доби двегодишна затворска казна, меѓутоа половина од казната ќе биде условна.
Екс-играчот на Портсмут со кој играше во Премиер лигата е осуден виновен за измама на свој пријател. Оби го измамил својот пријател Себастијан, го натерал да вложи пари во основање компанија, меѓутоа се тоа било само лага. Поради тоа сега поранешниот фудбалер си ја доби заслужената казна.
Лусиен Оби имаше три настапи во Премиер лигата во 2008 година играјќи за Портсмут. Во кариерата настапуваше за Ленс, Рен, Ремс, Тулуз, Сиваспор и Олимпијакос Никозија.