856
Искусниот напаѓач на Рапид, Гуидо Бургшталер изминатиот викенд бил нападнат во центарот на Виена.
38-годишникот физички бил нападнат пред многу сведоци, а се здобил со тешка повреда на главата. Според најавите Бургшталер силно удрил со главата во земја и добил фрактура на черепот.
Нападот се случил од страна на непознат сторител, а фудбалерот завршил во болница. Таму ќе мине неколку денови за да се следи состојбата, додека на терените ќе го нема со сигурност неколку месеци.