Реал Мадрид го совлада четвртолигашот Депортиво Минера со 0-5 за пласман во осминафиналето на Купот на кралот.
Младата ѕвезда на „кралевите“ Арда Ѓулер изненади противнички играч со својата реакција. Хозе Омар Педромо по мечот му го побара дресот на 19-годишникот од Реал, а потоа беше изненаден кога и Ѓулер му го побара неговиот за возврат.
„Отидов до Ѓулер да го побарам неговиот дрес и без проблем ми го даде. Тогаш бев изненаден кога и тој го побара мојот. Ова е многу убав спомен кој ќе го чувам засекогаш“, изјави Педромо.
Со овој потег турскиот фудбалер кој беше двоен стрелец во победата на Реал ги собра симпатиите на јавноста.
The Minera player was surprised that Arda Güler also wanted his shirt.
— TC (@totalcristiano) January 6, 2025
Football is beautiful.
pic.twitter.com/OMhPyYa49s