Играч херој: Белемо од Сампдорија спасил туристка од Полска која била избодена со нож!

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалерот на Сампдорија, Алесандро Белемо, стана херој во родната Киоџа. Додека престојувал со својот брат Стефано, спасил живот на туристка од Полска која била нападната со нож.

Жената била избодена повеќе од десет пати и облеана во крв, а Белемо веднаш реагирал и ѝ помогнал додека да пристигне брзата помош. Благодарение на нивната интервенција, жртвата е стабилизирана и се опоравува во болница.

Италијанските медиуми пишуваат дека токму брзата реакција на фудбалерот и неговиот брат ја спасила жената од сигурна смрт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×