45
Пепе е под
договор со „Кралевите“ до крајот на сезоната, преговорите тапкаат во место и
се поизвесно е дека Португалецот ќе го напушти клубот.
Па Реал Мадрид е
во потрага на замена за Пепе и прва опција е младиот Хесус Ваљехо кој е
испратен на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.
Според Марка,
шампионот на Европа има уште неколку алтернативи и тоа благодарејќи на понудите што ги
добиваат од агентите и посредниците.
Весникот пишува
дека последен ваков случај е Николас Отаменди, дефанзивецот на Манчестер Сити.
Аргентинецот не ужива
потполната доверба кај Пеп Гвардиола па сака да се врати во Шпанија, а Реал
Мадрид е неговиот прв избор.