Манчестер
јунајтед синоќа беше елиминиран во рамките на третото коло од англискиот Лига
куп, и тоа од Дерби, најнапред мечот во регуларните 90 минути игра гласеше 2-2,
а на пенали поуспешни беа гостите.
Хари Вилсон е
фудбалерот кој во моментов е топ тема на Островот, тој вчера вечер постигна
прекрасен гол против Манчестер јунајтед, а тоа за него е голем успех, особено
ако се земе во предвид дека игра како позајмен од Ливерпул.
„Секој навивач н
Ливерпул, а воедно и фудбалер на тој клуб сака да победи на Олд Трафорд,
секогаш кога игра на тој стадион“ рече Вилсон по мечот.
Како што и многу
фудбалери на Ливерпул прославија голови против Црвените ѓаволи, истото го стори
и Вилсон, гестикулирајќи го бројот „5“ на својата рака, а значењето на пораката
е јасна, петте титули на Ливерпул во Лигата на шампионите, во однос на трите
освоени на Манчестер јунајтед.