Игра на нерви: Манчестер јунајтед одбива да плати 80 милиони за Фернандеш, Спортинг пак не ги прифаќа бонусите

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш синоќа настапи на големото дерби на Лисабон, по крјаот на натпреварот стоеше на центарот од теренот со наведната глава, а играчите и тренерскиот персонал на Споритинг и Бенфика појдоа да се поздрават со него и веројатно да се збогуваат.

Се чини дека само прашање на време е кога тој ќе се пресели на Олд Трафорд, но Манчестер јунајтед и Спортинг водат игра на нерви и се уште не можат да најдат компромис за трансферот.

Според пишувањата на БиБиСи, „ѓаволите“ одбиваат да одвoјат 80 милиони евра, сумата која ја бараат „лавовите“.

Од друга страна, Спортинг пак не ги прифаќа бонусите кои ги нуди Манчестер јунајтед. Сан пишува дека клубот од Олд Трафорд нуди 40 милиони евра (34 милиони фунти) како фиксна сума, и уште додатни 30 милиони евра (25,5 милиони фунти) во бонуси.

Проблем е што поголемиот дел од бонусите се поврзани со титула во Премиерлигата, титула во Лигата на шампионите или Бруно Фернандеш да ја освои „Златната топка“. Спортинг смета дека ова се тешко остварливи бонуси и практично нема да види ништо од овие ветени пари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×