Игли Таре посочи кога Милинковиќ-Савиќ би можел да си замине од Лацио

by
1 минути читање

Многумина во Игли
Таре гледаат човек кој направи вистинска револуција со Лацио, впрочем, во
Албанецот гледаат човек кој ги склопи коцките за тимот од Рим денес да биде
близу до рушење на долгогодишната доминација на Јувентус во Италија.

Како и да е, спортскиот
директор на италијанскиот прволигаш инсистира на тоа дека првата ѕвезда на
составот од Рим, Сергеј Милинковиќ-Савиќ би си заминал од клубот само во счучај
кога Србинот би сметал дека неговото време во клубот е истечено.

Поточно, Таре
говорејќи за „Скај Спорт Италија“ беше запрашан што би се случило доколку Лацио
добие понуда од околу 120-130 милиони евра за Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Клучна е желбата
на фудбалерот, доколку говорам генерално, доколку еден фудбалер смета дека
неговото време е истечено и сака да отиде на некое друго место, тоа не би
требало да биде никаков проблем
“ вели Таре.

Ерата си има
свој крај, само погледнете што му се случи на Наполи сезонава, а фактот што
Сергеј остана во Рим цели пет години е поради тоа што тој има силни конекции со
градот и клубот
“ додава тој.

Кога би постоело
некое искушение,  дел од наша, но дел и
од негова страна, ние никогаш не би му застанале на патот, како и да е, за овие
работи се прават анализи на крајот од сезоната
“ заклучи Таре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×