133
Англискиот фудбалер, Маркус Рашфорд си ја кажа желбата за неговата иднина која е неизвесна.
Рашфорд оваа сезона игра на позајмица во Барселона од Манчестер Јунајтед, Англичанецот се прикажа во одлично светло во каталонскиот клуб, но нејасно е дали ќе остане.
„Мојата иднина? Сакам да останам во Барса. Тоа е мојата цел“, одговори Рашфорд на прашањето каде сака да продолжи да игра.
„Целта е да се освојува. Барселона е голем и прекрасен клуб, граден за да освојува титули“.
Барселона треба да одлучи дали ќе ја искористи опцијата целосно да го откупи Маркус Рашфорд.