Реал Мадрид
продолжува да работи на својата операција каде вратата е отворена за
фудбалерите кои не се во плановите за идната сезона под кормилото на Зинедин
Зидан, но, истовремено клубот не крие дека сака да заработи добро на нивна
продажба.
Двајца фудбалери
од првата сезона на Зидан, Хамес Родригез и Иско, дадоа голем допринос во
победничкиот Реал под водство на францускиот стратег, меѓутоа, нивната иднина
на „Сантијаго Бернабеу“ зависи еден од друг.
„АС“ пишува дека
голема е веројатноста еден од нив двајца да остане во Мадрид и идната сезона,
Реал веќе потроши 300 милиони евра за засилувања, а и натаму Пол Погба останува
еден од приоритетите, па така потребни се нови продажби.
За Себалјос
постои интерес од Премиерлигата, Кралевите ќе заработат солидно на неговиот
потенцијален трансфер, од таму
наводно бараат 50 милиони евра, а доколку дојде солидна понуда за Иско или
Хамес, речиси и да нема дилеми дека едниот од нив двајца ќе си замине, но, тоа
што „АС“ го наведува е фактот дека на Зидан ќе му биде потребен еден од тоа
дуо.
Наполи сериозно „гризе“
за услугите на Хамес, но, Реал Мадрид бара 50 милиони евра за овој трансфер, од
друга страна пак, „АС“ верува дека во таборот на клубот силно веруваат дека
Иско има вредност од 80 милиони евра на трансфер пазарот, па доколку пристигне
таква понуда, за него излезната врата од клубот е отворена.