Изминатиов период
често има гласини за иднината на Пеп Гвардиола, кој е обврзан кон „граѓаните“
до 2021. Се говореше дека има тајна клаузула во неговиот договор која му овозможува
да замине летото во 2020, но самиот стратег го негираше ова.
Последните
информации велат дека Шпанецот сака раководството на Манчестер Сити да го
одврзе ќестото пред тој да донесе одлука за продолжување на авантурата. Наводно
Пеп Гвардиола бара да биде донесен нов централен дефанзивец, нов лев бек и нов
напаѓач.
Стратегот ќе бара
и нов човек за неговиот тренерски персонал со оглед на тоа дека Микел Артета е на
чекор до Арсенал, и оваа мини реконструкција на тимот ќе треба да се спроведе летоска.
Се очекува Родолфо
Борељ сега за сега да ја превземе улогата на Микел Артета и да биде промовиран
во десна рака на Пеп Гвардиола, секако под услов да не се пресели на Емирати
заедно со својот сонародник.