Поради проблеми со
регистрацијата, Фенербахче не успеа да го вметне нашиот 18 годишен голем талент
Елиф Елмас во сениорскиот состав пред стартот на новата сезона, а шефот на
стручниот штаб на првиот тим, Ајкут Кочаман смета дека нашиот фудбалер е
иднината на Фенербахче.
Сепак, искусниот
фудбалски стратег пријавува загриженост за Елиф Елмас кој игра на натпревари за
составот на Фенербахче до 21 година, дел од медиумите во Турција пишуваат дека
е забележан мал пад во формата на Елмас, како на физички така и на психички
план, а сето тоа се должело на тоа што младиот Македонец нема натпревари од
високо ниво.
„Имам зрели размислувања
за фудбалот благодарение на моите години, постојано велам дека нему му се
потребни натпревари од повисоки нивоа, но, најважно во моментов за него е да
биде подготвен во моментите кога ќе почне со натпревари во сениорскиот тим“
смета Кочаман.
Она што е интересно, 52 годишниот турски стратег вели дека е подготвен на
Фенербахче да му биде тренер уште 15 години доколку Елмас остане во гигантот од
Истанбул.
Извор: sporundibi.com