Идната седмица Милан го очекуваат позитивни вести за Донарума?

by
1 минути читање

Повеќето
италијански медиуми пренесуваат дека сагата околу 18 годишниот голман на Милан,
Џиџо  Донарума ќе заврши кон почетокот
или пак средината на идната седмица.

Како причина за
ова, медиумите во Италија ги најавуваат тестовите на училиште на кои ќе оди
талентираниот фудбалски голман кој до неодамна одби да потпише нов договор со
калчолигашот, актуелниот му истекува идното лето.

Наводно Донарума
имал намера да ја заврши целата приказна со Милан најдоцна до среда, неговиот
агент, контроверзниот Мино Рајола би се сретнал со челниците на тимот од Милано
каде би направил крајни напори за неговиот голман да остане дел од Милан.

Инаку, 18
годишниот Џиџо поради клупските и репрезентативните обврски немаше време за
редовно да оди на училиште, па на крајот од секоја школска година беше приморан
да ги полага своите испити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани