Идната седмица ќе падне голем потпис во Интер?

by
1 минути читање

Според
неофицијалните информации, барем засега, кои пристигнуваат од Италија, се вели
дека дефанзивецот од редовите на Интер, Милан Шкринијар се договорил со Интер
во преговоите за нов договор со клубот.

Најавите велат
дека Словакот ќе потпише договор со важност до 2023. година, а ќе се исполни
главниот услов од негова страна во преговорите, околу висината на неговата
плата на годишно ниво, која ќе изнесува три милиони евра, а дополнително ќе има
и бонуси.

Доколку се
остварат овие најави, сигурно тоа ќе ги замолчи големите шпекулации со кои 23
годишниот дефанзивец се поврзува подолг период, а тоа сигурно беше овозможено
од неговиот сегашен договор кој истекува на лето а има опција за дополнителни
12 месеци.

Скај Спорт
Италија, Медиасет и други медиуми од Италија известија дека Шкринијар ќе има
годишна плата од три милиони евра, дополнително и бонуси на ниво на сезона, а
неговата заработувачка ќе расте секоја година.

По неколкумесечни
преговори помеѓу обете страни, се чини дека конечно паднал договор, а во
Италија најавуваат дека оваа вест ќе се официјализира идната седмица, кога се
очекува да се случи потписот на Словакот.

Интер го
ангажираше Шкринијар од Сампдорија пред две години, за него издвои 28 милиони
евра, а сигурно не жали за вложените средства, откако тој за кратко стана еден
од најбараните на својата позиција, подолг период се споменуваа Манчестер
јунајтед и Манчестер Сити како најзагреани за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×