Идеите на Куман со Евертон се срушиле како кула од карти во последен момент по одлуката на Жиру

by
2 минути читање

Евертон остана без својот најдобар напаѓач Ромелу Лукаку
кој направи трансфер во Манчестер јунајтед, иако во клубот по цели 13 години се
врати Вејн Руни, сепак, тимот од Ливерпул не тргна онака како што се очекуваше
во новата сезона од Премиерлигата.

Иако потроши енормна сума на средства на засилувања во
тимот, Евертон по девет кола се најде во зоната за испаѓање со осум освоени
бода, што го вклучи алармот во клубот, а жртва беше холандскиот стратег Роналд
Куман, кој доби отказ.

Се чини дека во Жиру, Евертон гледаше идеална замена за
Лукаку, а тоа било на прагот да се оствари, открива Куман, но, се тргнало наопаку по повлекувањето на францускиот напаѓач во последен момент, кој по се’ изгледа дека бил главна алка во замислите на Куман.

Го имав Жиру во зградата (во Евертон)… Тој ќе се вклопеше толку добро во нашиот
тим, штета, но, во последен момент се реши да живее во Лондон и да остане во
Арсенал
“ открива Куман.

Евертон го врати Руни, го доби и Влашиќ од Хајдук, но тоа
не донесе резултати.

Нам ни недостасуваше фудбалер од тој тип, со Никола
Влашиќ и Вејн Руни, ние имавме напаѓачи кои ја сакаат топката само во своите
нозе
“ вели Куман.

Холанѓанецот притоа открива која била тактиката на
Евертон во моментите кога на тимот не му одело баш добро во креирањето шанси,
или пак префрлување на противничката половина.

Лукаку беше толку важен за нас, не говорам само за
неговите голови, доколку не ни одеше добро на натпреварите, секогаш постоеше
онаа резервна варијанта која ја користевме во такви моменти, долга топка кон
него кој знаеше како да се справи во такви ситуации
“ додаде Куман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани