Идеалниот тим на Копа Америка (ФОТО)

by
2 минути читање

Бразил по цели 12
години го подигна трофејот од Копа Америка, а тоа Кариоките го сторија пред
своја публика, во полуфиналето го елиминираа својот голем ривал Аргентина,
селекција која има само еден фудбалер во идеалниот состав на тоа
натпреварување.

Веќе е познат
најдобриот тим од ова натпреварување годинава, во истиот доминира Бразил кој
има дури пет свои фудбалери, што воопшто не е изненадување, финалистот Перу има
двајца свои членови, додека пак Колумбија, Чиле, Аргентина и  Уругвај по еден.

Во најдобриот тим
се најдоа Евертон (Бразил), Гереро (Перу), Родригез (Колумбија), кои го
сочинуваат триото во нападот, понатаму, Видал (Чиле), Паредес (Аргентина) и
Артур (Бразил) го сочинуваат средниот ред, додека пак, во одбраната се најдоа
Силва (Бразил), Хименез (Уругвај), Трауко (Перу) и Алвес (Бразил), на голот е
Бекер (Бразил).

Првата ѕвезда на
Аргентина, Лионел Меси не се најде во идеалниот состав на Копа Америка, имаше
очајно издание на тоа натпреварување, а воедно фудбалерот на Барселона имаше и
одредени контроверзни коментари кон официјалните лица во завршницата од
турнирот, обвинувајќи за корупција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани