Ибраими: Сакаме да ја исполниме целта, победа и второ коло во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бесарт Ибраими беше еден од говорниците на прес-конференцијата на Шкендија пред натпреварот со ТНС. Искусниот напаѓач зборуваше со тренерот Беќири и го најави дуелот.

Важно е што на првиот натпревар одигравме резултат со кој бевме задоволни. Сега максимално сме подготвени, ќе играме на домашен терен, стадион кој го познаваме и верувам дека посветено ќе стигнеме до целта. Како напаѓач секогаш сум се обидувал да давам голови, ама на вакви натпревари не е важно кој ќе даде гол. Сакаме да ја исполниме зацртаната цел, а тоа е победа и пласман понатаму“, изјави Ибраими.

Првиот натпревар во Англија заврши без победник и голови. Шкендија ќе има шанса на „Тодор Проески“ да нападне второ претколо кое ќе ги доведе чекор поблизу и до европска есен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×