Македонскиот
вицепрвак има водство од 2-0 по првите 45 минути игра на реванш пресметката
против Тракаи, откако на гостински терен во Литванија забележа пораз од 2-1.
Почетната фаза
донесе динамична игра на обете страни, гостите преку Максимов ја имаа првата
посериозна шанса, за среќа неговиот опасен удар заврши крај голот на Захов во
12. Минута.
Следеа мини-шанси
на Ибраими, Абдурахими и Радески но истите не беа од посериозен карактер.
Најсериозната
прилика за гол стигна по ударот на капитенот Хасани во 22. минута, неговиот
удар беше одличен но заврши само во конструкцијата од голот на гостите.
Поради топлото
време и двете екипи имаа мини-пауза на средината од првиот дел.
Наградата за
одличната и офанзивна игра на Шкендија дојде во 29. Минута, кој друг ако не
Бесарт Ибраими, кој упати неодбранлив проектил за голема радост на навивачите
на тетовските „црвено-црни“.
Тука не застанаа
избраниците на Ќатип Османи, следеше топовски удар на Бејтулаи од огромна
далечина во 35. минута, голманот на Тракаи со крајни напори ја одби оваа топка
која притоа заврши и во дирекот од голот.
Македонскиот
вицепрвак го зголеми водството над Тракаи со 2-0 со евроголот од слободен удар
на капитенот Ферхан Хасани.
Со водство од 2-0
Шкендија замина на паузата по првите 45 минути игра, моменталниот резултат од
мечот во Струмица му носи голем успех на нашиот претставник, односно анулирање
на негативата од 2-1 стекната на првиот меч во Литванија.
И покрај
проблемите во кои се најде стратегот од клупата на македонскиот вицепрвак,
Ќатип Османи, поради суспендираните Цуцули и Жуниор кои се здобија со црвени
картони на првиот дуел во Литванија, како и повредениот Вујчиќ, отсуството на
претходно наведените фудбалери кои се клучни во играта на Шкендија, како да не
се чувствува во играта на нашиот претставник.
Шкендија: Захов, Бејтулаи, Алими, Ибраими, Тотре,
Хасани, Челиковиќ, Радески, Бојку, Тодоровски и Абдурахими (4-2-3-1).
Мечот кој се игра
на стадионот „Младост“ во Струмица го суди Клејтон Писани од Малта.
Како за
потсетување, Македонија има историска шанса во плејофот од квалификациите за
Лига Европа да има два претставника, откако Вардар по елиминацијата од третата
рунда квалификации за Лигата на шампионите, настапите ги продолжува во второто
по ранг европско клупско натпреварување.