Eкипата Шкендија потешко од очекувањата, но сепак стигна до три бода против Пелистер славејќи со 2-1 на домашен терен во Тетово.
По само седум минути игра,Спировски најдобро се снајде по една мешаница по корнер и ја затресе мрежата за рано водство на битолчани.
Шкендија веднаш возврати со офанзива и создаде неколку сериозни закани, а израмнувањето пристигна во 21. минута преку искусниот Бесарт Ибраими. До крајот на првото полувреме имаше уште неколку возбудувања, но резултатот остана 1-1.
Во вториот дел херој за тетовци повторно беше Ибраими, кој по нешто повеќе од еден час игра постигна втор гол и донесе целосен пресврт. Пелистер се обиде да се врати во мечот, но немаше доволно сили за нов погодок и избегнување на поразот.
За Шкендија ова се важни бодови пред супер дербито со Вардар во наредното коло во кое скопскиот тим ќе биде домаќин.