Ибрахимовиќ засега не се враќа во Италија

by
1 минути читање

Фудбалерите на клубовите од Серија А кои не се во Италија треба до четврток да се вратат за да го поминат 14 дневниот период на самоизолација, бидејќи е предвидено од 4 мај да се почне со тренинзи.

Но, информациите од Италија велат дека Ибрахимовиќ ќе остане во Шведска уште некој период, ќе се врати во Милано кога ќе има официјален датум за продолжување на сезоната, а таков се уште нема.

Но веројатно тој е поподготвен од другите, бидејќи тренира со Хамарби, клубот од кој има 25% од акциите. Во Шведска им е дозволено на тимовите да имаат тренинзи, па за разлика од другите играчи на Милан, Ибра има секојдневни нормални тренинзи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×