Ибрахимовиќ за роденден се почести со новиот „ѕвер“ на Ферари вреден 3,5 милиони евра (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ денеска полни 44 години, а за својот роденден се почести со новиот „ѕвер“ од Маранело – Ферари Ф80, автомобил вреден околу 3,5 милиони евра.

Златан Ибрахимовиќ има навика својот роденден да го одбележува со купување на нов автомобил, а оваа година реши да се почести со новиот „ѕвер“ на Ферари.

Станува збор за моделот Ф80, последниот хипер-автомобил од Маранело, вреден околу 3,5 милиони евра.

Популарниот „Ибракадабра“ ќе биде еден од 799 одбрани потрошувачи кои добија зелено светло да го купат овој автомобилот

Ферари Ф80 има 3.0-литарски В6 мотор со два турбополначи и три електрични мотори, кои заедно продуцираат околу 1.200 коњски сили. Максималната брзина е поставена на 350 км/ч, а од од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,15 секунди, а достигнува 200 км/ч за само 5,75 секунди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×