Во најновото, трето продолжение од интервјуто на Славен Билиќ во емисијата „(Не)успех на шампионите“, Златан Ибрахимовиќ отвори тема што со години предизвикува интерес кај фудбалската јавност во регионот.
Билиќ директно го праша дали некогаш постоеле сериозни контакти со Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, имајќи предвид дека таткото на Златан, Шефик, потекнува од Бијелина, а мајка му Јурка е родена во Задар. Со тоа, покрај Шведска, Ибрахимовиќ имал право да настапува и за репрезентациите на БиХ и на Хрватска, но, како што самиот призна, таа опција никогаш не била конкретно разгледувана.
„Поседував пасоши од Босна и Херцеговина и од Шведска, но изборот падна на Шведска. Имаше некакви разговори, но ништо сериозно, никој не ми пристапи со јасна понуда“, откри Ибрахимовиќ.
Шведската фудбалска икона додаде и дека ако тебало да избира помеѓу тие две селекции во тоа време предност би имала Хрватска.
„Ако треба да бирам меѓу тие две, Хрватска тогаш имаше поголем потенцијал. Им недостасуваше класичен напаѓач, но и покрај тоа, конкретен контакт никогаш немаше“, нагласи Златан.
На крајот, Ибрахимовиќ ја избра Шведска, за која одигра 122 натпревари и постигна 66 голови со што стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата. Во периодот кога тој беше активен,