Популарниот „Ибракадабра“ продолжува да ги тресе мрежите во САД, нова жртва му беше Орландо. Швеѓанецот утрово постигна хет-трик за 25 минути и донесе победа за ЛА Галакси од 3-2.
Златан Ибрахимовиќ, кој има 15 погодоци и 6 асистенции на 17 меча за ЛА Галакси, потоа ги разочара фановите и соопшти дека нема да настапи на Ол-стар натпреварот против Јувентус.
„Жалам што ќе го пропуштам Ол-стар натпреварот против Јувентус, еден од моите поранешни клубови. Сакам да им се заблагодарам на фановите што ме одбраа во тимот. Мојот фокус целосно е насочен кон тоа да постигнувам голови за ЛА Галакси и да помогнам да обезбедиме плеј-оф“ – вели Ибра во соопштението кое го испрати ЛА Галакси.
Според правилата на МЛС, Ибрахимовиќ нема да смее да настапи на за ЛА Галакси на мечот кој следи по Ол-стар натпреварот, односно пресметката со Колорадо.