Ибрахимовиќ во Осогово? Веќе го облекол жолто-синиот дрес и зборува за Македонија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Неколку клубови се интересираат за Ибрахимовиќ, а Фиорентина и Зенит денеска на своите твитер профили им дадоа материјал на медиумите да ги поврзат со Швеѓанецот.

Но, интересна објава има и Осогово, клубот од Кочани кој е маестрален на социјалните мрежи има нова супер твит. Ибрахимовиќ е на менито.

Клипот е од пред 18 години кога младинската селекција на Шведска беше гостин на Македонија. Осогово ги искористи тогашните зборови на Ибра за Македонија, а и боите на Шведска и кочанскиот клуб се исти, па видеото е идеално за мајтап.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×