Ибрахимовиќ со говор во соблекувалната: Овој трофеј е нашата реакција, среќа што Консеисао имаше температура инаку ќе кршеше… (ВИДЕО)

by 24 фудбал
8 минути читање

Милан го победи Интер во луд меч за трофејот во Суперкупот (2-3). Средбата во Ријад беше спектакуларна за навивачите, поведе Интер со 2-0, но потоа Милан покажа карактер и се врати до трофејот.

По натпреварот во соблекувалната говор одржа Златан Ибрахимовиќ. Слично како во деновите кога беше играч, и сега на директорска позиција сите со внимание го слушаа Ибрахимовиќ додека зборува.

Остваривме една од нашите цели. Тоа што го баравме е реакција на тимот, а овој трофеј е нашата реакција. Пред да проговорам, би сакал да му честитам на тренерот и неговиот тим. За неколку денови направивте неверојатна работа. Среќа што Консеисао имаше температура, инаку ќе скршеше неколку телевизори…

Честитки и до играчите, но и сите вие кои работите во позадина. Освоивте трофеј со пот, пожртвуваност и желба за победа. Кога имате таква воља, било која екипа е тешко да загуби. Кога го почнавме првенството ви кажав дека сè е до вас, сè е до главата. Овој меч е најдобар пример за тоа.

Сега се враќаме во Италија, да го пренесеме овој менталитет, да освојуваме бодови и да бидеме таму каде што треба да бидеме. Момци, ова е Милан, играме за трофеи. Ако сакате да влезете во клупската историја мора да победувате вакви натпревари. Форца Милан“, беше говорот на Швеѓанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани