Ибрахимовиќ се враќа во Шпанија?

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ
и дефинитивно си заминува од Манчестер јунајтед ова лето, клубот
има други приоритети
и тој не е во плановите на клубот за идната сезона.

На 35 годишниот
напаѓач актуелниот договор со премиерлигашот му истекува овој месец, се
поизвесно е дека нема да дојде до продолжување на соработката, па така во низа
се појавуваат разни шпекулации околу идниот клуб на Швеѓанецот.

Познато е дека
стратегот од клупата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне пријави желба во своите
редови да го види Диего Коста, кој е на излезна врата од Челси ова лето, со што
би можело да дојде до негово враќање во Атлетико.

Сепак, како
алтернатива во евентуален неуспех во преговорите со репрезентативецот на
Шпанија, Симеоне гледа токму во Ибрахимовиќ.

Познато е дека Атлетико
Мадрид има добиено казна од ФИФА со која му се забранува да регистрира нови
фудбалери се до 1 јануари идната година, токму овој датум се наведува како
период кога Швеѓанецот би можел да биде регистриран како фудбалер на „Јорганџиите“.

Ибрахимовиќ
моментално се рехабилитира од повредата на мечот против Андерлехт во Лига Европа, која тимот на Жозе Мурињо ја освои сезонава. 

За Швеѓанецот евентуална преселба во Атлетико Мадрид би значела враќање во Шпанија, откако во периодот од 2009/11 играше во редовите на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани