Советникот за спорт во редовите на Милан, Златан Ибрахимовиќ разговараше со новинарите за актуелните прашања во клубот, а една од темите беше и Маркус Рашфорд.
Англискиот напаѓач е пред заминување од Манчестер јунајтед и еден од клубовите со кои се поврзува е екипата на Милан.
Ибрахимовиќ го пофали Рашфорд, но и истакна дека досега не воделе разговори со него.
„Играв со него во Манчестер јунајтед, но тогаш беше млад, денес порасна во одличен напаѓач. Може да ги покрие сите позиции во нападот, се уште не сме зборувале со него. Знам дека на секого би му била чест да игра за Милан.
Во својата професионална кариера на 27-годишниот Рашфорд Манчестер јунајтед е неговиот единствен клуб и потекнува од младинската школа на „црвените ѓаволи“.