„Ибракадабра“ не
е дел од мундијалот бидејќи по крајот на Европското првенство во 2016 реши да се прости
од репрезентацијата. Откако Шведска обезбеди пласман на мундијалот, Златан
Ибрахимовиќ се нудеше и најавуваше спектакуларно враќање, но на крајот не доби
повик.
Иако е само
навивач, тој најде начин како да биде инволвиран на утрешниот меч помеѓу
Шведска и Англија. Златан Ибрахимовиќ му понуди опклада на легендата Дејвид
Бекам.
„Бекам, ако
Англија ја победи Шведска те носам на вечера каде сакаш, но доколку Шведска
победи, ми купуваш што сакам од Икеа, може?“ – гласеше интересната понуда на
Ибра упатена до Бекси на социјалните мрежи.
Yo @davidbeckham if @England wins I buy you dinner where ever you want in the world, but if Sweden wins you buy me what ever I want from @IKEASverige ok? pic.twitter.com/9z9xx89JjS
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) July 6, 2018