Швеѓанецот во
2009 потпиша за Барселона, но неговата авантура на Камп Ноу траеше кратко.
Тој помина само
12 месеци во Барса и го напушти клубот поради несогласувања со Пеп Гвардиола.
Ваквиот развој на
настаните Златан Ибрахимовиќ го користи за дополнителна мотивација кога игра
против Шпанецот.
„На почетокот се
беше добро, играв и постигнував голови” – вели Ибра во разговор со Фокс Спортс Италија.
„Потоа, околу
Божиќ, Пеп Гвардиола го промени системот и јас бев седнат на клупата. Не отидов
да се жалам и да разговарам со него бидејќи јас немав никаков проблем. Тој имаше
проблем со мене и не најде решение. И до ден денес не знам кој беше проблемот”.
„Гвардиола ми се
јавувше секој ден за да ме убеди да потпишам за Барселона, и потоа одеднаш
ситуацијата се промени”.
„Па сега секогаш
кога играм со него јас сум екстра мотивиран, имам повеќе адреналин. Не е ништо
лично, едноставно тоа е дел од играта”.