Златан
Ибрахимовиќ мразел само тројца или четворица соиграчи во неговата кариера,
тврди Микел Сани, негов поранешен соиграч од ЛА Галакси, со тоа што Единсон
Кавани е дел од таа листа.
Иако двоецот
важеше за тандем кој одлично функционираше во нападот на тимот од француската
престолнина, сепак, помеѓу нив двајца немало добар однос, за што сведочи
изјавата на Сани.
„Доколку сте
близок со Кавани, тоа не би му се допаднало на Ибра, без разлика на тоа дали
сте со него, или против него“ вели Сиани во изјавата за „РМЦ“.
„Тој ми рече дека
се’ било во ред со Лорен Блан
во ПСЖ, единствената личност со која не бил во добри односи бил Кавани“ додава Французинот.
„Ибра ми посочи
дека тој мразел само тројца или четворица соиграчи во неговата кариера, а еден
од нив е токму Кавани“ заклучи Сани.