Медиумите од Италија велат дека Партизан ја одбил понудата од 4,5 милиони евра за ангажман на Андреј Костиќ, „црно-белите“ од Белград бараат околу 12 милиони евра за разделба со талентираниот напаѓач.
Милан му удри мерак на младиот Андреј Костиќ, преговорите ги води Златан Ибрахимовиќ, кој е во директен контакт со Предраг Мијатовиќ.
На маса биле ставени 4,5 милиони евра, но Партизан ја одбил понудата и бара многу повеќе.
Со откупна клаузула од 20 милиони евра, плус дел од 20% кој му следува на поранешниот клуб Будуќност, популарните „црно-бели“ бараат околу 12 милиони евра за продажба.
Тие исто така инсистираат да добијат и неколку милиони во бонуси, како и процент од следниот трансфер.
Разликата помеѓу двете страни е голема, но преговорите ќе продолжат и останува да се види дали ќе биде пронајден компромис за преселба на 18 годишниот Андреј Костиќ во Милано.
ФОТО: X/FK Partizan