Ибрахимовиќ ќе се врати во Милан?

by
1 минути читање

Гонзало Игуаин се
враќа од повредата, Патрик Кутроне споро се рехабилитира, а Самуел Кастиљехо
веќе покажа дека поседува квалитет за да игра во улога на лажна деветка.

Како и да е, во
Милан се убедени дека ангажирање на уште еден напаѓач не би било лоша идеја, а
се бара најдоброто решение.

Шефот на
стручниот штаб на Росонерите, Џенаро Гатузо веќе ги известил челниците на
клубот дека посакува комплетен фудбалер, со можност веќе да има искуство во
Серија А, кој би можел да се адаптира во брз период а да може да биде користен
комплетно и во Европа, желбата е да се дојде до фудбалер со одлична техника кој
не би го чинел многу клубот.

Како што
информира Кориере дела Сера, Милан го идентификуваше Златан Ибрахимовиќ во тоа
што се бара, денес, 37 годишниот искусен напаѓач настапува во дресот на Лос
Анџелес Галакси од САД, а има договор со тој клуб до декември идната година.

Како и да е,
останува дилемата кога Швеѓанецот би сакал да се пензионира од фудбалските
терени, весникот пишува дека Ибрахимовиќ сака да ја заврши својата кариера
онаму каде што се
почна за
него во кариерата, во Малмо, но, тоа нема да се случи во блиска иднина.

Милан сериозно ја
разгледува оваа опција, а во игра е тоа да се оствари во јануари, од кога би
важел неговиот шест месечен договор со Росонерите, барем, како што се најавува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×