Ибрахимовиќ се најде на листата на отпуштени играчи од Манчестер јунајтед која ја објави Премиерлигата, но тоа можеби е само привремено.
Актуелниот договор на Ибрахимовиќ со Манчестер јунајтед завршува на 1. јули, а клубот не објави дека ја продолжува соработката со шведскиот напаѓач.
Ибра имаше фантастични партии во дресот на Јунајтед, па се очекуваше да остане барем уште една сезона, но повредата во април ги расипа таквите планови.
Англиските медиуми излегуваат со сторија дека Манчестер јунајтед и Ибрахимовиќ само привремено ја прекинуваат соработката, а кога шведскиот играч ќе се врати на теренот, тој ќе потпише нов договор со англискиот клуб.
Ваквиот договор помеѓу двете страни е за клубот да не му ја плаќа високата плата на Ибрахимовиќ додека тој е надвор од теренот, а прогнозите се дека дури во јануари ќе му се врати на фудбалот.