Ибрахимовиќ: Канте треба да ја добие наградата за фудбалер на сезоната во Премиерлигата

by
1 минути читање

Нголо Канте е еден од клучните фудбалери на Челси оваа сезона кој е многу блиски до титулата во Премиерлигата. Канте беше еден од најдобрите и во тимот на Лестер, но играчите на неговата позиција ретко кога добиваат награди за најдобри.

Златан Ибрахимовиќ смета дека оваа сезона токму Канте треба да биде прогласен за најдобар. Запрашан кој треба да ја добие наградата, Швеѓанецот одговори:

„Мислам дека фудбалерите како Канте во секој тим би играле добро. Во неговиот случај тој добива многу пофалби за тоа што го прави. Но нормално фудбалери како него кои трчаат многу, пример Матуиди во ПСЖ, не го добиваат вниманието кое го заслужуваат, тие играчи се многу поважни отколку луѓето што мислат. Сметам дека Канте треба да ја добие наградата“ – вели Ибрахимовиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани